Kurir – Report on the ICD Symposium on Cultural Diplomacy in the European Union

Kurir (Macedonian News Outlet) - July 5th, 2013; A report on the ICD International Symposium on Cultural Diplomacy in the EU: “Sustainable Economic Growth, Further Integration and Common Identity: Moving towards a European Consensus” (Brussels; July 3rd - 5th, 2013)
  July 05th, 2013

Top political leaders and diplomats attend a conference at the Macedonian Mission to the EU

By Ustazah Nuridah Salleh, Head of the Federal Territory PAS Sisters

Врвни политички лидери, дипломати и професори од цела Европа деновиве учествуваат на конференцијата насловена „Промовирање на европскиот идентитет – регионално и глобално“ што се одржува во македонската Мисија при Европската унија во Брисел, во организација на светскиот Институт за културна дипломатија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, поранешниот претседател на Романија, Емил Константинеску, вице-премиерот на Белгија, Дидие Рејндерс, потпретседателот на Националниот совет на Словачка, Теон Јан Фигел, амбасадори од речиси сите амбасади на земјите-членки на ЕУ во Брисел, европратеници, белгиски политичари и светски професори и научници дебатираа за сегашните и идните предизвици на Унијата.

На оваа конференција, која денеска завршува, а траеше три дена, се посвети внимание на улогата на културната дипломатија во подобрување на европските односи, културната соработка, демократско владеење, како и одржување на мирот и стабилноста во регионот. Исто така, се дебатираше и за економскиот одржлив развој, заедничкито европски идентитет и движењето кон европски консензус.

Според Марк Данфрид, које директор на Институтот за кутлурна дипломатија (тинк-тенк од Берлин, Германија), фокусот на оваа конференција е всушност културната дипломатија во Европа.

- Ние ја гледаме Македонија како многу важна европска земја и затоа токму низ културната дипломатија ние гледаме добра можност во презентација на некоја земја надвор од нејзините граници и претставување на реална слика на истата, што често е случај со Македонија. Па, токму низ културна дипломатија, Македонија има можност во доловување на целосната слика за себе и за македонскиот идентитет. Ова претставува голема можност за зголемување на културната дипломатија. Ние се надеваме дека ќе наскоро ќе организираме вакви настани и во Македонија уште кон крајот на оваа година за да разговараме за културната дипломатија во Европа од македонска гледна точка. Мислиме дека тоа ќе помогне да се засилат односите на земјата со нејзините европски соседи, но и со остатокот од светот, вели Данфрид.

Тој смета дека ваквите настани поврзани со промоција на културната дипломатија ќе и помогнат на Македонија полесно и побрзо да стане дел од НАТО и ЕУ.

- Културната дипломатија е за едукација за промоција на одржливи односи. Тоа е многу важно за Македонија, но и останатите европски земји. Колку се посилни врските и културните мостови меѓу земјите на „стариот континент“, толку посилни ќе бидат и економските и политичките односи. Ние гледаме голема можност за Македонија во однос на културната дипломатија. Ние како Институт веќе сме партнери на вашата земја, претходно и министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на наши конференции, имаме традиционални и долгогодишни односи со Македонија, па затоа се надевам дека следната конференција ќе ни биде во Македонија, истакна директорот на Институтот за културна дипломатија.